Роналдо доби подарок што ќе го памети цел живот од Георгина (фото и видео)

Кристијано Роналдо минува во тежок период во кариерата, се уште нема донесено одлука за наредниот клуб, но Георгина Родригез се погрижи тој барем за момент да заборави на проблемите.

Португалецот доби божиќен подарок за паметење од својата животна сопатничка, откако пред куќата се најде паркиран автомобил Ролс Ројс, со почетна вредност од 300.000 долари, завиткан со црвена панделка.

Видеото од реакцијата на подарокот го објави Георгина на својот инстаграм профил, со наслов „Магична божиќна ноќ“.

Се вчитува...