Роналдо доби поддршка од италијанска порно ѕвезда

Познатиот италијански актер во „филмови за возрасни“, Роко Сифреди, изрази поддршка за Кристијано Роналдо по скандалозната тема што ја бранува јавноста – обвинението за Португалецот за силување. Како што е познато, Американката Кетрин Мајорга го обвини Роналдо дека ја силувал во Лас Вегас во 2009 година.

„Не мислам дека Кристијано е чудовиште и дека некого присилил на нешто такво. Никогаш не верувам на вакви приказни од жени кои тврдат дека биле присилени на секс од извесна личност. Тоа повеќе не се случува. Не мислам дека Кристијано е таков човек“ – изјави Сифреди за италијанското Радио 24.

Роко Сифреди е познат лик во порно индустријата, со 1.300 „филмови за возрасни“ во својата кариера како актер, режисер и продуцент.

Што се однесува пак до Кристијано Роналдо, тој е во сериозни проблеми, бидејќи откако Мајорга излезе во јавноста со тврдење дека била силувана од фудбалската ѕвезда, се појавија информации дека уште три жени се подготвуваат да покренат слични обвиненија.

Се вчитува...