Роналдо е фудбалски Бог: Две ремек-дела од слободен удар за дваесетина минути (видеа)

Кристијано Роналдо го продолжува своето голгетерско шоу на терените во Саудиска Арабија откако португалската суперѕвезда стрелаше прецизно и на гостување против Абха.

Во десеттата минута беше досуден слободен удар за Ал Наср, Кристијано ја зеде топката и шутираше силно по земја, домашниот голман не реагираше најдобро и дозволи таа да заврши во мрежата.

Ова беше вкупно 62. гол од слободен удар во кариерата на Роналдо, кој сезонава има 27 погодоци на 24 одиграни средби во дресот на Ал Наср во лигата на Саудиска Арабија. Првиот гол на Кристијано на вечерашниот натпревар можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Само десет минути подоцна Роналдо постигна  уште еден неверојатен погодок, повторно од слободен удар (63. во кариерата), уште еднаш покажувајќи дека и на залезот на кариерата Кристијано продолжува да игра на највисоко можно ниво.

Второто вечерашно ремек-дело на Кристијано можете да го погледнете ОВДЕ.

Се вчитува...