Роналдо е најдобар и кога Португалија губи – Кристијано истрчал како ниту еден друг напаѓач

Кристијано Роналдо и Португалија нема да можат да ја одбранат титулата европски шампион, Белгија ги запре на тој пат откако синоќа победи со минимален резултат од 1-0. Анализите покажаа поголема доминација на фудбалерите на Фернандо Сантош во овој дуел, но единствениот гол постигнат од Торган Азар се покажа како сосема доволен за репрезентацијата на Белгија да го продолжи својот европски сон.

Сепак, Кристијано Роналдо и со пораз на својата селекција повторно го привлече вниманието на спортската јавност, а статистиката вели дека тој на овој турнир успеал да истрча вкупно 26,9 км, во просек по 9 км на натпревар. Овие бројки имаат особено голема тежина ако предвид се земе фактот дека просекот на сите напаѓачи е само 6,2 км. Роналдо со своите 36 години уште еднаш ја покажа својата физичка подготвеност на дело, па младите генерации можат да учат од неговата упорност, бескрајна посветеност и силната волја.

Инаку, капитенот на Португалија продолжи да испишува нови страници во историјата на европските шампионати, откако со настапот против Унгарија урна два рекорди. Тој со самото излегување на терен стана првиот во историјата кој настапил на пет различни европски првенства, а на овој дуел успеа и да стане најдобар стрелец во историјата на ЕП, оставајќи го зд себе Мишел Платини со девет гола на континенталните собири.

За потсетување, Кристијано Роналдо со двата гола против Франција се израмни на вечната листа со иранската фудбалска легенда Али Даеи со постигнати 109 гола во репрезентативните настапи.

 

Се вчитува...