Фудбалерите на Ал Наср се пласираа во финалето на „Кралскиот куп“ на Саудиска Арабија откако вечерва во второто полуфинале славеа над Ал Калеџ со 3-1.
Херој за Ал Наср повторно беше Кристијано Роналдо кој постигна два гола во 17. и 57. минута, а стрелец беше и Садио Мане во 37. минута.
Единствениот погодок за Ал Калеџ го постигна Ал Тераис во 82. минута. Во финалето Ал Наср ќе игра против големиот ривал Ал Хилал.
Al Nassr [3] – 0 Al Khaleej – Cristiano Ronaldo 57′
byu/etclassico insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА