Роналдо го возвраќа ударот, сега тој бара отштета за одбиената тужба за силување

Славниот португалски фудбалер Роналдо, неодамна е ослободен од обвинувањата за силување, поднесено од Катрин Мајорг. Американскиот суд ја отфрли и втората тужа на Мајорд против звездата на Манчестер Јунајтед за случувањата во Лас Вегас 2009 година.

Мајорг од Роналдо бараше повеќемилионска отштета за наводно силување. Кристијано од самиот старт ги отфрлаше обвинувањата, но на крај мораше да и исплати 375.000 долари.

Тоа не било доволно, Мајорг бараше повеќе пари, ја тужеше фудбалската ѕвезда, но на крајот судот одлучи во корист на Роналдо.

Меѓутоа Португалецот сега реши да го врати ударот. Неговиот адвокат Петер Кристиансен побара од судијката Џенифер Дорси да донесе одлука по која адвокатот на Мајорг, Лесли Стовал да исплати 626.000 долари поради губење на случајот.

Очигледно во тимот на Роналдо сметаат дека адвокатот е виновен и сега се бара отштета.

Се вчитува...