Роналдо и дава богат џепарлак, Георгина штедела шест месеци за да му купи „Мерцедес“

Кристијано Роналдо и Георгина Родригез неколку години се во љубовна врска, а заедно веќе имаат и едно дете, ќерката Алана Мартина. Георгина исто така се грижи за трите деца што Роналдо ги има од претходно, преку сурогат мајка.

Таа целосно се има посветено на семејството на Кристијано, а Португалецот за возврат и издвојува богат џепарлак, во висина од 100.000 евра, за убавицата да ужива во луксузен живот. Таа заработува и по 8.000 евра за секоја спонзорирана објава на профилот на инстаграм, но јасно е дека „џепарлакот“ од Кристијано е главен дел од нејзините приходи. Тоа не е проблем ниту за асот на Јуве, кој месечно само од договорот со италијанскиот првак заработува 2,5 милиони евра.

Токму од овие пари Георгина му го купила најновиот „Мерцедес“ на Кристијано, изненадувајќи го за неговиот 35. роденден. Тој модел со „фул опрема“ чини околу 600.000 евра, а Георгина половина година „штедела“ за подарокот на фудбалската суперѕвезда.

Се вчитува...