Роналдо и Георгина тајно се венчале во Мароко!

Кристијано Роналдо и Георгина Родригез ја крунисале својата врска со брак, со тајна венчавка што се одржала во Мароко.

Информацијата прва ја обелодени италијанската ТВ-емисија „Новела 2000“, откривајќи дека церемонијата се одржала во огромна тајност, со огромно обезбедување. По венчавката, Роналдо го променил и својот тестамент, препишувајќи дел од богатството на сопругата.

„Дознав за целата работа на 29 август, кога Кристијано отпатувал во Мадеира, се сретнал со своите адвокати и побарал во тестаментот да биде вклучена и Георгина. Претходно со целиот негов капитал требаше да располага мајка му, но Кристијано сакаше по свадбата да ја осигура и Георгина“ – откри близок пријател на португалскиот фудбалер.

Се вчитува...