Роналдо и Меси во „битка“ дури и кој има поубава божиќна честитка… (ФОТО)

Роналдо или Меси? Кој е подобар од двајцата најдобри светски фудбалери е дилема која очигледно никогаш нема да добие свој дефинитивен одговор.

Љубителите на фудбалот имаат привилегија да ги гледаат двајцата во исто време, за разлика од претходно многу други големи фудбалери кои играле во различни период на фудбалската игра. Затоа и толку опстојува натпреварувачкиот дух меѓу Португалецот и Аргентинецот, па дури и кога се во прашање новогодишните декорации во нивните домови или божиќните честитики.

И двајцата објавија божиќни фотографии со своето семејство, па веднаш почнаа коментарите по социјалните медиуми околу изборот на поубавата. Љубителите на фудбалот преку социјалните мрежи го прогласија овој пат Меси за победник затоа што, како што пишуваат, сепак неговиот дом го претворил во прекрасно божиќно место…

Се вчитува...