Роналдо: Ќе глумам во филм откако ќе ја завршам кариерата

Кристијано Роналдо се ближи до крајот на кариерата, а португалскиот ас обелодени дека кога ќе му каже збогум на фудбалот планира да се испроба со нов предизвик – да почне актерска кариера.

„Едно е сигурно, ќе се вратам во школо. Сакам да се доедуцирам бидејќи со она образование што го имам досега не ги добивам одговорите на бројните прашања што ми се вртат во глава. Тоа ќе биде една од работите кога ќе ја завршам кариерата. Втората е да се пробам и како актер. Тоа е нешто што ме фасцинира, сигурно ќе се обидам да глумам во филм, па ќе видиме како ќе излезе целата таа работа“ – изјави Роналдо.

Асот на Јувентус сепак потенцира дека не планира на крајот од оваа сезона да му каже збогум на фудбалот.

„Ќе се пензионирам кога телото веќе нема да може да ги издржи напорите, но во моментов се чувствувам одлично. Пред многу години идеална возраст за крај на кариерата беше околу 32 години, но сега гледаме 40-годишници како успешно играат. Јас размислувам на сличен начин, планирам да продолжам да играм и да победувам“ – порача Кристијано Роналдо.

Се вчитува...