Роналдо отвора хотел „ЦР7“ и во Париз

Португалската ѕвезда, Кристијано Роналдо го проширува својот хотелски бизнис и во Фрамција. Тој најави дека шестиот хотел „ЦР7“ ќе го отвори во Париз во 2021 година.

Фудбалерот на Јувентус моментно има два хотели „ЦР7“ , едниот во Лисабон, другиот во Фуншал, неговиот роден град на островот Мадеира.

Покрај овие два хотели отворени во 2016 година, во 2020 година ќе бидат отворени уште три – во Мадрид, Њујорк и во Маракеш.

Круна на овој ланец треба да биде хотелот во Париз. Тоа ќе биде инвестиција од 60 милиони евра во која Роналдо влегува партнерски 50-50 со португалската хотелска групација „Престана“.

Се вчитува...