Роналдо се предава, Георгина се пофали со дијамантски прстен (ФОТО)

Додека Кристијано Роналдо царува на теренот, неговата поубава половина, Георгина Родригез (24) е главна ѕвезда на трибините на Мундијалот во Русија, овој пат во најблескаво издание со дијамантски прстен на раката.

Девојката на Роналдо, мајка на едно од неговите четири деца, ја изненади својата пријателка покажувајќи и го прстенот со огромен дијамант што и ја краси левата рака.

За јавноста пак овој потег на Георгина е јасен знак дека Роналдо конечно се предал пред убавата Шпанка и и подарил веренички прстен.

Откако пред камерите блесна дијамантот на раката на Георгина, веднаш е откриена и вредноста на прстенот. Се работи за дијамантски прстен на „Картие“ кој чини 615.000 фунти.

Тоа е нов модел во колекцијата на познатата марка, претставен како веренички прстен. На објавата на Инстаграм, Георгина одговори со многу срциња.

Се вчитува...