Роналдо со свое реално шоу, 13 епизоди на Фејсбук

Менаџерот на Кристијано Ронало, Жорге Мендеш, ги финишира преговорите за мегатрансферот во Јувентус, а во меѓувреме португалскиот ас преговара на сосема друга тема.

Роналдо има идеја да направи свое реално шоу, во кое тој и неговите најблиски ќе бидат следени во приватниот живот, се со цел Кристијано да се прикаже како семеен човек кој живее во хармонија со своите деца и со девојката Георгина Родригез.

Фактот дека тој има 120 милиони следбеници на социјалните мрежи е гаранција дека шоуто ќе има огромна гледаност, па веќе почнаа и преговорите каде истото би било емитувано. Најсериозната понуда засега доаѓа од „Фејсбук“, откако американската компанија понудила 10 милиони долари за снимање и емитување на 13 епизоди од шоуто, кои би послужиле за промоција на видео-платформата „Watch“.

Се вчитува...