Рони О’Саливен ја освои рекордната осма титула на шампионатот на Велика Британија

Најдобриот и најпопуларен снукер играч на сите времиња, Рони О’Саливен на 47-годишна возраст по рекорден, осми пат го освои шампионатот на Велика Британија откако во големото финале го совлада Јунхи Динг со 10-7.

Со тоа Рони О’Саливен испиша историја како најмлад и најстар освојувач на шампионатот бидејќи пред три децении, во ноевмри 1993 година на 17-годишна возраст со победата над Стивен Хенри за прв пат го крена овој трофеј.

„Уживам во секој турнир на кој играм и победувам. Сака да се натпреварува, бев подготвен да дадам се од себе пред оваа публика. Постојан размислувам за моментот кога повеќе нема да можам да победувам, но за сега ми е добро и ќе продолжам вака се додека не ми паднат нозете“, изјави O’Саливен.

Се вчитува...