„Русија е земја на терористи, земја која убива украински деца“

Капитенот на фудбалската репрезентација на Украина, Андриј Јармоленко пред вечерашниот натпревар против Шкотска во Лигата на нации жестоко удри по Русија, земјата која врши агресија од февруари месец над неговата земја.

Руската фудбалска репрезентација беше исфрлена од баражот за Светското првенство во Катар, а сега нема да учествува ниту во квалификациите за Европското првенство во Германија 2024 година.

„Моите размислувања се прилично едноставни. Рускиот фудбал, рускиот спорт воопшто треба да биде целосно изолиран. Тоа е земја на терористи, земја која убива Украинци, која убива украински деца. Не можеме да зборуваме само за спортот кога се случуваат такви нешта. Сите украински играчи сакаат Русија да биде изолирана на секое ниво“, изјави Јармоленко, кој има 109 настапи за Украина.

Се вчитува...