Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) го прифати барањето на осум руски атлетичари да се натпреваруваат како неутрални спортисти. Одборот за допинг контрола разгледувал 61 барање од Русите, но дури 53 биле одбиено.
Дозвола за настап како „неутрални спортисти“ од ИААФ добија: Илија Иванчук (скок во височина), Сергеј Литвинов (фрлање кладиво), Алена Лутковскаја (скок со стап), Данил Лисенко (скок во височина), Софија Палкина (фрлање кладиво), Валериј Пронкин (фрлање кладиво), Владислав Сарајкин (брзо одење) и Екатерина Соколенко (3.000 метри стиплчез).
Од нив, Иванчук, Литвинов, Лисенко и Пронкин веќе изборија учество на претстојното Светско првенство во Лондон.
Минатата година вкупно 49 руски атлетичари добиле дозвола да се натпреваруваат како неутрални спортисти. Од ИААФ наведуваат дека годинава се одбиени вкупно 109 барања за настап, но не се наведуваат имињата на одбиените атлетичари.
ИААФ во ноември 2015 година на руските атлетичари им забрани да учествуваат на меѓународните натпреварувања после големата допинг афера и откритијата за масовна употреба на недозволени стимулативни средства меѓу руските спортисти, помогната и прикривана од државата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА