Селекторот на Англија, Герет Саутгејт изјави дека тој и неговиот тим нема да бидат задоволни само од пласманот во полуфиналето на ЕВРО 2020. Англија в среда на домашен терен во Лондон против Данска ќе се бори за финале.
Герет потенцираше дека неговиот тим има само една мисија, преку обезбедување на финале да дојдат до титулата шампиони на фудбалското Европско првенство.
„Веќе се справивме со толку многу проблеми, надминавме многу бариери. Чувствувам дека играчите го доживуваат овој натпревар како уште еден предизвик. Нема да бидеме целосно задоволни ако застанеме тука. Кога пред три години игравме полуфинале на СП 2018, имавме чувство дека сме поминале далеку“, изјави Саутгејт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА