Се чини дека е крај: Ванда побара развод, Икарди ќе мора да плати богатство за неверството

Мауро Икарди нема да успее да го сочува бракот со Ванда Нара откако сопругата не му простила неверството на фудбалерот на ПСЖ.

Тој не тренираше во претходните два дена со остатокот од тимот откако доби дозвола да замине за Милано за да се обиде да си го спаси бракот, но последните информации од Аргентина говорат дека Ванда е цврсто решена да се раздели од Икарди.

„Ванда е решена да се разведе, а Икарди скапо ќе го плати неверството. Извори блиски до Нара тврдат дека таа ќе му бара богатство од 60 милиони евра, поголем дел од нив во пари, но дел и во накит, уметнички дела и недвижнини што ќе се делат при бракоразводната постапка“, пишуваат аргентинските медиуми.

Се вчитува...