Се е договорено: Бекам ја исполнува големата желба на Меси

Интер Мајами сезонава не успеа да обезбеди место во плејофот од МЛС-лигата, но амбициозниот клуб работи напорно за да состави тим со кој во 2024 не само што ќе игра плејоф, туку и ќе стигне до титулата.

Клучниот чекор беше направен летово со ангажманот на Лео Меси, по аргентинскиот генијалец пристигнаа и Алба и Бускетс, а претседателот Дејвид Бекам веќе работи интензивно на уште еден врвен трансфер. Станува збор за Луис Суарез, аргентинскиот голгетер кој играше заедно со Меси, Алба и со Бускетс во Барселона, а кој веќе ја прифатил понудата на Бекам да се пресели во САД и да го облече дресот на Интер Мајами. Станува збор за играч кој важеше за најдобар пријател на Меси во последните години од неговата авантура во Барселона, па јасно е дека Аргентинецот самиот инсистирал токму Суарез да биде предводник на нападот на Интер Мајами во наредната сезона.

Американскиот клуб сакаше да го доведе уругвајскиот ветеран уште летово, но проблем беше што тој беше под договор со бразилскиот прволигаш Гремио. Тој договор истекува во декември годинава, па Суарез во јануари како слободен играч ќе може да се пресели во МЛС-лигата.

Се вчитува...