Се наѕира голема размена на напаѓачи меѓу Милан, Челси и Јувентус

Се наѕира голема размена на напаѓачи меѓу Милан и Челси. Маурицио Сари е голем фан на Гонзало Игуаин уште од времето на неговата соработка во Наполи, па сака веќе во јануари да го види во синиот дрес.

Од друга страна, очигледно не му треба Алваро Мората па со согласност на Џенаро Гатузо можна е размена на напаѓачите. Секако, сета таа активност мора да добие амин и од Јувентус затоа што Игуаин е фудбалер на „Старата дама“ а е само на позајмица во Милан.

Како што пишува „Скај спорт“, Милан го посакувал Мората уште во летото 2017 година, но преговорите не завршија успешно па офанзивецот заврши во Челси.

Сега, се чини, ситуацијата комплетно одговара на сите три страни.

Се вчитува...