Се појави сериозен кандидат за потписот на Нејмар

Бразилскиот тим Сантос сериозно работи на враќање на Нејмар, призна претседателот на клубот, Марсело Тешеира. Сепак, не е јасно дали е можен тој трансфер, со оглед дека Нејмар заработува вистинско богатство во Саудиска Арабија.

Напаѓачот има договор со Ал Хилал до летото 2025 година, но ќе ја пропушти оваа сезона поради тешката повреда на коленото која ја доби после само пет настапи во тимот.

„Имавме многу брз разговор со Нејмар, а од искуство брзите разговори секогаш имаат добар ефект. Го прашавме да се врати кај нас да игра за Сантос, но најпрво да се опорави од повредата. Тој ќе продолжи во Саудиска Арабија, а потоа се враќа кај нас“, рече претседателот на бразилскиот клуб.

Се вчитува...