Се зголемува бројот на позитивни во Баерн, уште три нови случаи на коронавирус

Натпреварот на Баерн Минхен против Аугзбург е под знак прашалник, откако последните тестирања покажаа уште три нови случаи на коронавирус. Едниот од нив е Јосип Станишиќ кој се заразил за време на настапот за хрватската репрезентација, пишуваат германските медиуми. Другите две имиња не се објавуваат.

Станишиќ наводно бил тестиран како позитивен веднаш по неговото враќање. Станишиќ не играше на натпреварот против Малта, но влезе во финишот против Русија.

Во моментов во карантин од Баерн Минхен се Никлас Зиле, кој беше позитивен за време на настапот на Германија, а ист така во карантин ставени се Џошуа Кимих, Ерик Максим Чупо-Мотинг и Џамал Мусиала. Наводно сите тројца не биле вакцинирани, а според новите протоколи, доколку во една компанија се појави случај, тогаш автоматски невакцинираните одат во изолација.

Се вчитува...