Седумдесет и два позитивни случаи на коронавирус во НФЛ

Асоцијата на играчи во НФЛ објави дека во периодот од 10. до 16. јули вкупно 72 лица биле позитивни на коронавирус. Претсезоната во НФЛ е преполовена, а овој податок сигурно не им даде оптимизам кога е остатокот од неа во прашање.

Овој број претставува околу 2,5 отсто од вкупниот број на играчи во НФЛ. Во овој момент се работи на враќање на играчите во тренинг камповите, но работите не одат во посакуваниот тек. Прашањето околу почетокот на сезоната во овој момент не се поставува, но како пандемијата од коронавирусот се шири се повеќе во САД, сигурно ќе почне да се разгледува и можно одложување и на официјалниот дел од сезоната.

Ѕвездата на Хјустон Тексас Џеј Џеј Вот истакна дека играчите сакаат да играат, но дека ги вознемирува фактот дека многу малку знаат околу плановите на лигата во овој момент.

Се вчитува...