СЕИР НА ДЕНОТ: Проблемот решен…!

Сосема очекувано, големата спортска пресметка меѓу лутите ривали Вардар и Пелистер не мина, на крај, и без сеирџиски моменти на социјалните мрежи.

По победата на Еурофарм Пелистер во Скопје на првиот меѓусебен натпревар, битолчани беа тие кои се радуваа. Од тој меч се издвои фотографијата на навивач на Еурофарм кој вулгарно гестикулираше по триумфот на својот тим.

Но, одмаздата на вардарци стигна денеска среде Битола. Вардар победи во одлучувачкиот натпревар за титулата среде Битола, а од мечот се издвои уште една непристојна гестикулација, овој пат на вардаровиот ракометар Моралес по неговиот одлучувачки проектил за победа.

Сето тоа, од двете фотографии, донесе сеирџиска реакција на социјалните мрежи од страна на вардаровите навивачи:

„Проблемот решен“ – ќе напише еден вардаров навивач.

Се вчитува...