Селекцијата 3х3 на Македонија триумфално против Унгарија во квалификациите за Европскиот куп

Селекцијата 3Х3 на Македонија стигна до првата победа во квалификациите за Европскиот куп во Братислава.

По поразот од Австрија,во првото коло, нашите најдобри „баскетџии“ брзо се „рехабилитираа“. Беа подобри оод содветната селекција на Унгарија. Победија со (21-12), во натпревар во кој Марко Дујковиќ доминираше со својата висина. Го заврши со осум реализации, Христијан Ристов имаше шест, Ервин Цого пет, а Милорад Миновски уште два поени за нашиот 3х3 национален тим која сега ќе го чека исходот од последниот меч од групата „Б“ во кој ќе се сретнат селекциите на Австрија и на Унгарија.

Првопласираните две селекции од четирите групи обезбедуваат пласман во четвртфиналната фаза од овие европски квалификации во 3Х3.

Се вчитува...