Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 17 години, предводена од Димитар Капинковски, ремизираше (2-2) со Шкотска во првиот натпревар од Лигата Б во европските натпревари.
Натпреварите од групата Б1 се играат во Бродвуд, Шкотска, а Македонија ремизираше со домаќинот во драматичен натпревар во кој двете екипи се менуваа во водство.
Македонија најпрво поведе во 40. минута со голот на Маркоски. Но, Шкотите со головите на Бојд во 52. минута и Хогард во 80. минута дојдоа до пресврт за предност од 2-1. Сепак, Лорент Жаку во 83. минута крадејќи една топка пред домашниот гол, постигна убав погодок за конечни 2-2.
За македонската репрезентација на денешниот натпревар настапија Трајков, Маркоски, Димовски, Мустафи (81′ Кесиќ), Џангаровски, Османи (60′ Марковски), Ангеловски, Жаку, Дамјановски, Бранковски (60′ Буцевски) и Хоџа (86′ Секирски).
Во групата се уште Романија и Лихтенштајн. Во првиот денешен натпревар во групата Романија убедливо со 10-0 славеше против Лихтенштајн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА