Селтик со победа над Ренџерс до нова титула во Шкотска, и инкасирани 70 милиони евра! (ВИДЕО)

Селтик дојде до нова титула во шкотската Премерлига по денешната победа од 2-1 во дерби пресметката против Глазгов Ранџерс, па на две кола до крајот на првенството веќе има недостижна предност во однос на најголемите конкуренти за трофејот.

За Селтик ова 54-та титула во историјата и сега е на само еден трофеј помалку од Ренџерс по број на освоени шампионски титули. Головите за Селтик ги постигнаа О’Рајли во 35. минута а само три минути подоцна Лундстрам постигна автогол за 2-0. Потоа Ренџерс само го ублажија поразот за конечни 2-1.

Шампионот на Шкотска од следната сезона ќе игра директно во групната фаза од Лигата на шампионите, а вицешампионот ќе игра во квалификациите за ЛШ.

Со денешната осигурана титула Селтик инкасираше околу 70 милиони евра за освоениот трофеј, директниот пласман во ЛШ но и ТВ правата кои ги остварува првакот на Шкотска.

Се вчитува...