Семејството на Марадона ќе тужи за аукцијата за Златната топка

Наследниците на Диего Армандо Марадона, ќе поднесат тужба за да ја сопрат аукцијата за Златната топка, која легендарниот аргетински фудбалер ја освои како најдобар играч на СП 1986 година во Мексико.

Овој трофеј беше загубен со децении, но неодамна се појави, и ќе биде ставена на аукција во Париз во јуни, објави минатата седмица аукциската куќа „Агит“.

Марадона почина во 2020 година на 60-годишна возраст. Го освои трофејот за најдобар играч на Мундијалот во 1986 година, откако во финалето неговата селекција ја победи тогашна Западна Германија. На тој турнирот постигна и нерелегуларен, но сепак, признат гол наречен „божја рака“, но и голот на деценијата откако во соло продор ги мина речиси сите играчи и ја тресеше мрежатапротив Англија во четвртфиналето за победа од 2-1.

Наследниците на Марадона кажуваат дека трофејот е украден и тврдат дека сегашниот сопственик нема право да го продаде, а нивниот адвокат рече дека ќе побара одземање на трофејот по судски пат, и ќе поднесе пријава за кражба. Златната топка Марадона ја доби на свеченост во Париз во 1986 година.

Се вчитува...