Сензација во Бундес-лигата: Втор пораз на Баерн Минхен

Баерн Минхен неочекувано го претрпе вториот пораз во новата сезона губејќи на гостувљањето против Аугсбург со 2-1. Баварците имаа повеќе од играта и поседот на топката, но беа казнети за недоволната конкретност во завршниците од акциите.

Аугсбург го шокираше актуелниот шампион со два гола во првите триесетина минути, во кои Педерсен и Хан погодија за водство од 2-0 и огромна радост меѓу домашните фанови на стадионот. Левандовски успеа да погоди од десетина метри и намали на 2-1 пред крајот на полувремето, но тоа беше се што Баерн успеа да стори.

Полскиот ас имаше стопроцентна шанса кога со волеј шутираше над гредата, а Баерн и покрај огромниот посед над топката не успеа да стигне до израмнување.

Се вчитува...