Сестрата на Роналдо праша: Ќе ми кажете ли каде е Торино?

Мала провокација на сестрата на Кристијано Роналдо, Катја Авеиро, покрена лавина коментари на социјалните мрежи. Катја пушти фотографија на својот профил на Инстаграм со восочната фигура на Кристијано Роналдо од неговиот музеј во Фуншал.

„Извинете, ќе ми кажете ли каде е Торино? Сакам да знам каде игра најдобриот во светот“ – напиша сестрата на Роналдо под фотографијата.

Нејзината објава доби стотици коментари и дебата дали Португалецот е „најдобриот“ над сите други.

Се вчитува...