Севастопол од идната сезона се приклучува кон руското првенство

Тимот на Севастопол кој се натпреварува во првенството на Украина, од идната сезона размислува да игра во руското првенство. Севастопол е еден од градовите кој се наоѓа на полуостровот Крим, кој од 2014 година на референдум одлучи да се припои кон Русија.

Тимот на Севастопол постоеше до 2014 година, а потоа беше згаснат, и формиран нов клуб под името Черноморец Севастопол, кој се натпреварува во т.н. кримска лига заедно со неколку клубови како Таврија, Рубин Јалта, Јевопотарија…

Севастопол стана првак на оваа лига минатата сезона, а сега тимот размислува да се натпреварува во руското првенство. Најпрво би почнал во третата лига, со надеж дека ќе стигне до првата.

„Ќе мораме прво да минеме низ период на лиценцирање. Ако Фудбалската унија на Русија донесе одлука, зошто би чекале? Би се приклучиле уште идната сезона. Мораме да гледаме на иднината“, вели генералниот директор на клубот, Вачери Чали. 

Во овој тим во минатото играше Бесарт Ибраими, кој три години го носеше дресот на клубот. Една сезона мина и на позајмица во Таврија, а беше дел и од Металург Запорожје. Сите тие територии се сега припоени кон Русија.

Денеска Дарио Срна, легендата на Шахтјор Доњецк се пожали дека клубот и официјално нема повеќе адреса. Русија прогласи анексија на областа Доњецк, откако беше спроведен референдум за припојување кон Русија.

Се вчитува...