Шакира во својата нова песна го „растргна“ Пике: Ферари замени за Твинго…

Нема мир на релација Џерард Пике – Шакира. Откако минатата година се разделија и ја прекинаа долгогодишната врска, секој замина на своја страна. Пике во меѓувреме ја заврши кариерата и се посвети на некои други планови заедно со Икер Касилјас и Серхио Агуеро.

Пред неколку дена во јавноста излезе снимка во јавноста во која наводно во 2021 година Пике е во друштво со Клара Чија Марта, и тоа во заедничкиот дом на фудбалерот со пејачката. Новинарите октриле дека дефанзивецот практично тоа се случило кога Шакира била на патување заедно со децата, а авантурата на Пике со манекенката почнала порано од што се мислело.

Шакира му одговори на Пике на свој начин. Колумбиската пејачка објави нова песна во која го споменува него и неговата нова девојка, а песната интересно, нема наслов. И порано Шакира го споменуваше Пике во песните, ни никогаш на ваков начин.

Ова се само дел од стиховите парафразирани:

„Извини, веќе се качив на друг авион, не се враќам дома, не сакам ново разочарување. Така долго се правиш дека си првак, а кога ми требаше, ми ја даде својата најлоша верзија. Не ти се враќам, па макар да плачеш и молош, ме остави за неа, новинарите, долговите, даночната… Мислиш дека си ме повредил, но сега сум уште посилна, а таа сигурно има убаво име, не е така како звучи…“.

Ја споменува и девојката Клара со зборот claramente, а во еден момент Шакира го споменува и самиот Пике (“Perdon, que te sal-pique’).

„Чекор помеѓу љубов и омраза. Мил мој, ти посакувам се најдобро со мојата замена, не знам што ти се случува, но замени Ферари за Твинго, замени Ролекс за Касио“, се вели во стиховите.

Се вчитува...