Шалке елиминиран од Купот по грешката на Чурлинов, понатаму одат Лајпциг, Хофенхајм и Херта (ВИДЕО)

Екипата на Шалке е елиминирана од Купот во 1/16 финалето од Минхен 1860, откако го загуби мечот со 1:0. Чурлинов направи грешка на левата страна, по што третолигашот стигна до гол и на крајот тоа беше одлучувачки момент. Се чини дека поради таа грешка, Македонецот беше заменет во 20. минута.

Тоа беше и најголемо изненадување во првите четири натпревари вечерва. Лајпциг со 0:1 го совлада тимот на Бабелсберг со гол на Собослаи. Хофенхајм беше убедлив и со 4:0 го совлада тимот на Кил, додека Херта на гости го победи Минстер со 1:3, и се пласираше во 1/8 финалето.

Вечерва се играат уште четири меча.

Се вчитува...