Последното коло од Суперлигата ни го донесе и последниот патник во разигрувањето за титула во Првата кошаркарска лига. Тоа ќе биде ТФТ кој со триумфот над Гостивар во натпреварот „Да се биде или не“ ја осигура својата „плеј-оф карта“ за прв пат во клупската историја.
„Црно-белите“ за противник ќе го имаат составот на МЗТ Скопје кој во плеј-офот влегува со серија од девет победи едно по друго, а интересно последниот пораз на актуелниот шампион е токму од ривалот од Тафаталиџе. Притоа избраниците на Боро Смилковски славеа и над „штрковите“ во финалето од Купот на Македонија па јасно е дека ни претстои интересна серија.
Вториот полуфинален пар го сочинуваат тимовите на Пелистер и Еуро Никел кои Суперлигата ја завршија на второто, односно третото место на табелата. Битолчани кои беа доминатни во регулартниот дел од сезоната сепак ја испуштија првата позиција на табелата па предност од домашен терен ќе имаат само во полуфиналето против вицешампионот пред кој е тешка задача да го повтори минатогодишниот успех.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА