Шефот на УФЦ без милост кон Американците: „Пи***ци, кукавици…, Хабиб сам би им ја зел државата!“

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт жестоко се насочи кон денешната генерацијата млади Американци која, според него, е полна кукавици.

Вајт е познат по својата искреност кога треба да каже мислење, па сега не „штедеше зборови“ за младите во САД наведувајќи дека таа земја лесно би била освоена од луѓе како Хабиб Нурмагомедов и неговите сонародници Дагестанци.

„Кога Хабиб би дошол од Дагестан веројатно за кратко би ја освоил Америка. Денешната генерација е полна идиоти и пи***ци. Освен некои групи од југот никој не би застанал во одбрана на државата“ – вели Вајт и дополнува:

„Кога ќе ги погледнеме лицата од другите земји, овие момци од Русија се градени поразлично, имаат и сосема поинаков менталитет. Ние станавме некако меки, слаби, кукавици“.

Ги има многумина и во САД кои се согласуваат со Вајт кој секогаш е брутално искрено. Вајт, кој е Американец, изминатиов период правеше огромни напори да го врати Хабиб Нурмагомедов за барем уште една борба во УФЦ, но не успеа во тоа. Му нудеше огромни пари на Хабиб, но не успеа да го премисли.

„Не е лесно да се одбијат 20, 30 или 40 милиони долари, но за мене не е се во парите. Тоа е најважната работа. Кога веќе одлучив да прекинам, за мене тоа е завршена работа. Среќен сум и не жалам поради таа одлука“ – изјави неодамна Нурмагомедов.

Се вчитува...