Шевченко пред одлучувачкиот дуел на Украина и Италија: Ова е повеќе од само натпревар за нас

Последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство кое во 2024 година ќе се одржи во Германија ќе донесе и спектакл во групата „Ц“ во која што се наоѓа и Македонија. Истиот ќе биде одигран на „Бај Арена“ со почеток од 20 часот и 45 минути, а актери на истиот ќе бидат Украина и Италија.

Двете репрезентации во оваа средба влегуваат со по 13 осовени бодови и ќе водат битка за задржување на последното место кое води на континенталниот собир. Но, со оглед на подобриот меѓусебен скор, Италијанците ќе бидат задоволни и со реми, додека Украинците мораат да стигнат до трите бода.

А, дека ќе успеат во тоа верува доскорешниот селектор на Украина, легендата на украинскиот фудбал и италијанскиот Милан, Андреј Шевченко.

„Ова е исклучително важен натпревар и тој е повеќе од само игра за нас. И покрај тоа што сме во војна и фактот дека секој натпревар го играме надвор од нашата држава тимот и понатаму е во добра позиција. Имаме одлични фудбалери како Мудрик, Судаков, Циганков…“, изјави Шевченко кој потоа имаше и пофални зборови за својот наследник на селекторското место Сергеј Ребров.

„Ребров одработи важна задача во многу тешки околности. Тој воведе нова филозофија, а тимот ја прифати. Ние немаме што да загубиме, но тоа не значи дека ќе се задоволиме со тоа што го постигнавме досега“.

Се вчитува...