Шкендија не знае од пенал, ама Хасани донесе „+11“ во Тетово среде зима (ВИДЕО)

Шкендија ја зголеми предноста во однос на Вардар на огромни 11 бода, по денешниот триумф (1-0) над Академија Пандев. Многу потешкотии имаа фудбалерите на Ќатип Османи на снежниот терен, не искористија два пенали, но на крајот Ферхан Хасани успеа да ја затресе противничката мрежа во 79.минута и да донесе голема радост на Градскиот стадион во Тетово.

Студено е, вее снег во Тетово, но на фановите на Шкендија сигурно им е топло при срце, затоа што тимот има „+11“ во однос на актуелниот шампион Вардар, на врвот на табелата во Првата лига по денешното 21.коло.

Се вчитува...