Барселона доби лоши вести во пресрет на новата сезона, откако Руни Бардаџи заработи сериозна повреда на коленото.
Според информациите на италијанскиот новинар Фабрицио Романо, 20-годишниот фудбалер ги повредил предните вкрстени лигаменти за време на тренингот на каталонскиот клуб.
Бардаџи не успеал да ја заврши тренинг-сесијата, а по првичните прегледи постоеле сомнежи дека станува збор за сериозна повреда на коленото. Дополнителните испитувања сега ја потврдиле најлошата можна дијагноза.
Се очекува шведскиот фудбалер да биде надвор од терените подолг период, а неговото отсуство може да трае и неколку месеци.
Повредата доаѓа во незгоден момент за Бардаѓи, кој во текот на летото се поврзуваше со заминување од Барселона. Клубот планираше да го испрати на позајмица за да добие поголема минутажа и континуитет, а како опција се споменуваше и трајна продажба.
Сега, сепак, плановите се менуваат, бидејќи сериозната повреда на коленото најверојатно ќе го оддалечи Бардаѓи од фудбалските терени во наредните месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
