Шокантни вести за Данска и Ница: Каспер Долберг ​боледува од дијабетес

Данскиот напаѓач Каспер Долберг откри дека му е дијагностициран дијабетес тип 1 и затоа нема да биде во тимот за натпреварите со Фарски Острови и Шкотска на крајот од квалификацискиот циклус со Светското првенство во Катар, но дека потоа треба да ја продолжи играчката кариера.

Шпицот на Ница не се чувствува добро во изминатите две недели. Деталните анализи утврдиле дека тој боледува од дијабетес.

„Утрово ги добив резултатите од медицинските тестови и се покажа дека имам дијабетес тип 1. Изненадувачки е, но искрено ми олесна што конечно дознав зошто се чувствувам лошо во последните две недели. За да се навикнам на помалку третман, решив со Каспер Хулманд (селекторот на Данска) да не играм за репрезентацијата“, напиша фудбалерот на социјалните мрежи.

Болеста, сепак, се претпоставува дека не треба му пречи во понатамошната кариера.

„Лекарите ми потврдија дека со соодветен третман тоа не треба негативно да влијае на мојата кариера“, додаде Долберг.

Дијабетесот тип 1 е хронична болест и бара доживотен третман со инсулин. Спортската активност, сепак, се препорачува за болни луѓе.

Се вчитува...