Шоу на тимот на Ѓоковиќ во авион – Иванишевиќ спие, а Новак не престанува да го задева (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ замина во САД каде ќе ги почне подготовките за првите два Мастерс 1000 турнири во сезоната, Индијан Велс и Мајами. Србинот одлично ја стартуваше сезоната освојувајќи го трофејот на Австралија опен. Одличната атмосфера во тимот на Новак е евидентна. Горан Иванишевиќ задремал, а Новак е тука да го искористи тоа шегувајќи се на сметка на Хрватот.

Се вчитува...