Штокласа: Македонија е голем фаворит, ние сме малку уморни, но ќе се бориме

Македонската репрезентација денеска од 20:45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје против Лихтенштајн ја очекува првата победа во квалификациите за СП 2022.

Македонија е апсолутен фаворит на мечот, за што се свесни и во гостинскиот табор кои од вчера се во СКопје. Селекторот Мартин Штокласа потенцира дека неговиот тим ќе се бори колку може, но знае дека Македонија е голем фаворит за победата.

„Ние дојдовме тука само да се обидиме да се надигруваме. Македонија е секако фаворит, а ние сме малку уморни. Долго време нашите фудбалери немаа натпревари, а сега треба за шест дена да одиграме три натпревари. За нас тоа е навистина голем предизвик, но може да ветиме дека ќе се бориме на терен да оставиме добар впечаток“ – вели Штокласа пред вечерашниот натпревар.

Се вчитува...