Шутерско шоу на Клеј Томпсон, Голден Стејт пресилен за Лејкерс (ВИДЕО)

Третпат оваа сезона, а 13. во кариерата, Клеј Томпсон беше со плус 40 поени, уфрли 44 и го предводеше Голден Стејт до победата над Лос Анџелес Лејкерс од 130-111. Томпсон во одличното издание уфрли и 10 тројки и ова му беше петти натпревар со двоцифрен број погодени удари за три што го прави вториот најуспешен во лигата по овој параметар, пред него е само соиграчот, Стеф Кари кој има 12 натпревари со 10 или повеќе погодени удари за три поени.

Поради суперрасположениот Томпсон, останатите ѕвезди на шампионот не мораа многу да се мачат, па Кевин Дурант постигна 20 поени, Стеф Кари застанана 11 поени, но имаше 12 асистенции.

Кај Лекерс кои и натаму се без Леброн Џејмс, а дополнително се повреди и Лонзо Бол, прв стрелец беше Ивица Зубац со 18 поени, Брендон Инграм имаше 17, а Кајл Кузма 16 поени.

Со триумфот, Голден СТејт се зацврсти на лидерската позиција во Западната конференција со биланс од 33 победи и 14 порази, додека Лејкерс со ефект од 25/23 останаа на деветтото место на табелата на Запад.

Во продолжената програма во НБА лигата поради обележувањето на „Денот на Мартин Лутер Кинг“ во ноќните термини по средноевропско време имаше уште три натпревари. Во нив Филаделфија беше сигурна против Хјустон, славеше со 121-93, попусти беа 37-те поени на Џејмс Харден, Бостон ја продолжи победничката серија, врза четри успеси по ред триумфирајќи во дуелот со Мајами со 107-99, а Портланд ја запре Јута, ја победи со 109-104 и ја прекина серија од шест последнови успеси.

Се вчитува...