Легендата на холандскиот фудбал, Кларенс Сидорф, е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Камерун. Негов помошник на клупата ќе биде уште еден славен Холанѓанец – Патрик Клајверт.
Договорот на Сидорф со петкратниот шампион на Африка, официјално ќе биде потпишан до крајот на август.
Во својата тренерска кариера, претходно, 42-годишниот Сидорф, ги предводеше Милан, Шенжен и Ла Коруња со која испадна од Примера. Во ниеден од овие клубови, Холанѓанецот на менаџерската позциција не остана подолго од шест месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА