Симеоне тајно се ожени

Тренерот на Атлетико Мадрид, аргентинскиот стратег Диего Симеоне, тајно се оженил со моделот Карла Переира. Двојката склучила брак на тајна церемонија веднаш по завршувањето на сезоната во шпанското првенство, а наскоро планираат и црковна венчавка.

„Тие планираат црковен брак по крштевката на малата ќерка. Најверојатно венчавката ќе се случи во август или во септември“, открицва шпанскиот таблоид „Jaleos“.

Симеоне и Карла Переира имаат две ќерки, Валентина се роди во февруари, а повозрасната Франческа има две и пол години.

Аргентинецот има и три сина од првиот брак, Џовани (23), Џанлука (20) и Џулијано (16).

Се вчитува...