Со завршувањето на натпреварите од групата Ф познати се сите осминафинални двојки на Европското првенство 2020. Најинтересно се очекува да биде на мечевите меѓу Англија и Германија и Португалија – Белгија.
Интересно се очекува да биде и на мечевите Холандија – Чешка како и Хрватска – Шпанија. Украина која заврши како третопласирана во групата Ц каде беше и Македонија ќе игра против Шведска која стигна до првото место во групата Е, а неизвесен ќе биде и мечот меѓу Велс – Данска.
Италија против Австрија ќе биде голем фаворити за пласман меѓу осумте најдобри на стариот континент.
1/8 ФИНАЛНИ ПАРОВИ ЕВРО 2020:
ИТАЛИЈА – АВСТРИЈА
БЕЛГИЈА – ПОРТУГАЛИЈА
ФРАНЦИЈА – ШВАЈЦАРИЈА
ХРВАТСКА – ШПАНИЈА
ШВЕДСКА – УКРАИНА
АНГЛИЈА – ГЕРМАНИЈА
ХОЛАНДИЈА – ЧЕШКА
ВЕЛС – ДАНСКА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА