Скандалозна изјава на поранешниот француски селектор – „Би го купил Марадона, но тој е мртов… Таков е животот“

Новиот тренер на Нант и поранешен селектор на Франција, Рајмон Доменеш имаше неверојатно скандалозна изјава. Доменеш говореше околу ситуацијата со бразилскиот фудбалер Жан Лукас, кој наместо Нант одлучи да ја прифати понудата на Брест.

Искусниот стратег го коментираше изборот на Лукас, но тотално непотребно го спомена и покојниот Диего Армандо Марадона.

„Не е овде. Оди во Брест. Јас би сакал да го потпишам Диего Марадона, но тој е мртов. Таков е животот“, изјави Доменеш. 

 

Се вчитува...