Скандалозна одлука во УФЦ: Судија прекина борба по 19 удари во главата (ВИДЕО)

УФЦ борбата помеѓу Џејлин Тарнер и Боби Грин можеше да има неславен крај поради кардинална судика грешка. Имено, во дуелот пред главната битка, Тарнер го нокаутираше 37-годишниот ветеран Грин во меч кој службено траеше две минути и 43 секунди.

Но, истиот требаше да заврши многу порано со оглед тоа што откако Грин падна во рингот, свртен на стомак доби 19 непотребни удари во главата поради кои заврши во несвест.

Судијата мораше да ја прекине борбата десетина секунди порано, но не го направи тоа па наиде на остри критики од јавноста. Еден од критичарите беше и претседателот на УФЦ, Дена Вајт.

„Ова беше еден од најлошите прекини кои сум ги видел. Единствената разлика е тоа што судијата Хатли призна дека згрешил и не се чувствува добро поради тоа“, изјави Вајт.

Се вчитува...