Со нов напад во стројот за триумф над Лихтенштајн: Радески, Трајковски и Стојановски во офанзивата!?

Македонската репрезентација безусловно мора да дојде до победа против Лихтенштајн во второто коло од квалификациите за СП 2022, а притоа и да се зачуваат силите за натпреварот против Германија во среда, на 31. март на „МСВ-арената“ во Дуисбург.

Селекторот Игор Ангеловски искажа незадоволство од реализацијата на претходниот дуел во Романија, па неизбежно се очекуваат и промени во офанзивата во стартниот состав за денешниот дуел со една од најслабите светски селекции. Капитенот Горан Пандев се очекува да добие одмор пред дуелот со Германците, па во нападот би можело да се очекува дека ќе се стартува со Александар Трајковски и Марјан Радески на крилните позиции, заедно со Влатко Стојановски.

Во средниот ред, едно полувреме се очекува да добие и Аријан Адеми, заедно со Енис Барди и Елиф Елмас, а во дефанзивата покрај Муслиу и Бејтулаи, и стандардно Стефан Ристовски и Езгијан Алиоски на страничните позиции пред голманот Столе Димитриевски.

Натпреварот меѓу Македонија и Лихтенштајн од квалификациите за СП 2022 стартува од 20:45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Се вчитува...