Со тешки зборови во одбрана на Роналдо: „Тие жени сами сакаат да бидат силувани, а по 20 години….“

Атрактивната фудбалска агентка од Романија, Анамарија Продан застана во одбрана на Кристијано Роналдо околу „случајот силување“.

Португалецот се соочува со тешки обвиненија за силување кое го извршил во 2009 година во Лас Вегас, а од ден на ден се јавуваат се повеќе жени кои кажуваат дека имале исто или слично искуство со Роналдо.

Но, 45-годишната Продан со прилично жестоки зборови застана во одбрана на португалскиот фудбалер….

„Знаете како оди со тие жени? Тие самите сакаат да бидат силувани и после 20 години ќе се сетат дека всушност им се допаднало“ – вели Продан.

Оваа Романка е сопственичка на ФИФА менаџерска лиценца, притоа соработувајќи со бројни европски клубови.

Се вчитува...