Сопругата на легендарниот Каниџа тврди: Маж ми е со проститутка која го држи дрогиран

Легендата на аргентинскиот фудбал Клаудио Каниџа, кој пред повеќе од две децении беше еден од најдобрите фудбалери во генерацијата на Диего Марадона, очигледно по крајот на кариерата живее „луд живот“.

Неговата сопруга Мариана Нанис изнесе обвиненија на сметка на 52-годишниот сопруг истакнувајќи отворено во јавноста дека е во врска со проститутка…

„Од мојот сопруг никогаш не се одвојував, ниту се разведов. Но, ете сега е со проститутка која го држи дроигран по цели денови во нејзиниот апартман. И двајцата ќе завршат во затвор“ – вели Нанис.

Мариана Нанис и Каниџа се 33 години во брак, имаат две деца. Но, Каниџа тврди, пак, дека неговата сопруга има психолошки проблеми. Тој, преку Инстаграм, по нејзините обвиненија и порача итно да си побара помош од психијатар.

Клаудио Каниџа, кој дресот на Аргентина го носеше 52 пати а во кариерата настапуваше за Аталанта, Рома, Бенфика, Глазгов Ренџерс…, вели дека тој е во врска со 26-годишната бразилска манекенка Софија Бонели. И сето тоа неговата сопруга не може да го поднесе.

Се вчитува...